X
 08.02.2018 Живот

Крај на летното сметање на времето?

Одговарајќи на граѓанските иницијативи што наведуваат загриженост поради здравственото влијание на промената на времето двапати годишно, европските застапници во нацрт-резолуција ја повикуваат Европската комисија да предложи прекин на практиката за летно сметање на времето.


Во Европскиот парламент пристигаат сè повеќе докази за негативното влијание од поместувањето на часовникот двапати годишно, па постои силна поддршка за промена од страна на ЕК и укинување на таа практика. Освен негативното влијание врз човековиот биоритам, се истакнува дека оваа практика доведува и до поголем број сообраќајни несреќи, повеќе нарушувања во семејствата, како и пад на продуктивноста на работното место.

Летното сметање на времето е широко распространет службен временски систем со кој во текот на летните месеци стрелките на часовникот се поместуваат обично за 1 час напред во однос на стандардното време. Целта на таа постапка е подобра усогласеност помеѓу часовите од дневна светлина, за работното време и училишната настава. Така, наместо рано утринско дневно светло, кога повеќето уште спијат, останува 1 час дневна светлина за повеќе вечерни активности. Летното сметање на времето почесто се користи во умерениот појас поради забележливите разлики помеѓу бројот на часови од дневна светлина во различно годишни времиња.

Владите често го оправдуваат како мерка за заштеда на енергија бидејќи така се овозможува поефикасно користење на природното сончево светло во летните месеци.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот