X
 07.01.2017 Култура

Интересна приказна за кражбата на една слика


Локалeн новинар ја откри тајната за кражбата на слика од еден од најпознатите сликари на сите времиња, а приказната наликува на сценарио од некој високобуџетен филмски хит.

Густав Климт

Токму тоа се случило неодамна со сликата „Портрет на госпоѓа“ од Климт, дело кое датира од 1916 година.
Кражбата била откриена во галеријата Ричи-Оди на 22 февруари 1997.

Наредникот на карабињерите, Салваторе Каваларо, останал зачуден кога открил дека крадецот ја однел сликата преку отворот на кровот на галеријата. И навистина, на кровот била пронајдена празна рамка, но сликата исчезнала.

Десет месеци претходно, 18-годишната студентка Клаудија Мага, во текот на изготвувањето на анализата на целокупниот опус на Климт, ја забележала неверојатната сличност меѓу двете дела на сликарот – „Портрет на госпоѓа“ и изгубената слика „Портрет на млада госпоѓа“ што никој не ја видел дури од 1912 година.

Набрзо станало јасно дека се работи за единствен двоен портрет од Климт, односно портрети што биле насликани еден врз друг. Тоа е потврдено и со рентгенски снимки, а следело и историско објаснување.

Климт своевремено бил вљубен во млада девојка од Виена која станала негова муза. Но, девојката ненадејно починала, а сликарот бил целосно скршен од нејзината смрт и тешко ја поднесувал болката од загубата, па го пресликал портретот на својата муза менувајќи ја облеката и фризурата насликани на оригиналната слика.


Пјаченца била воодушевена од ова необично откритие, па наскоро закажале и изложување на сликата пред широката јавност, на специјално место надвор од галеријата.

Во текот на подготовките за пренесување на сликата од складот во галеријата, било откриено дека сликата исчезнала.

Кога стигнал на местото на злосторството, инспекторот констатирал дека вратата на галеријата била отворена, алармот исклучен, мноштво луѓе влегувале и излегувале и не постоела никаква трага за почеток на полициската истрага. Набрзо бил повикан највештиот локален крадец на уметнички дела како помош во истрагата, но ни тој не можел ништо да стори.

Работите дополнително се искомплицирале после откривањето на пакет на италијанско-француската граница во Вентимиљо, на 1 април 1997 година, адресиран на Бенито Кракси, во тоа време поранешен италијански премиер, кој бил во бегство во Тунис.

Новиот директор на галеријата, Стефано Фугаца, сметал дека се работи за првоаприлска шега, но поранешниот директор, Фердинанд Ариси, не бил убеден во тоа. Седнал во автомобил, возел до граничниот премин и таму навистина ја нашол сликата. Сепак, сликата мирисала на свежа боја и не поминало долго време за да се заклучи дека станува збор за фалсификат.

Во 2013, полицијата успеала да го реконструира единствениот отпечаток од прст на рамката од сликата што била пронајдена на кровот, но идентитетот на лицето останал непознат.

Тоа траело сè до летото 2016 година, кога опседнатиот локален истражувачки новинар не организирал состанок со новиот полициски истражител што работел на случајот „Лук Пјетранере“ и пријател што некогаш се занимавал со кражби на уметнички дела.

На состанокот било разјаснето дека крадецот на сликата бил истиот што пред 19 години бил повикан како помош во истрагата. Тој го признал делото, по што разјаснил дека намерно оставил рамка од слика на кровот со цел да ја искомплицира истрагата, но изјавил дека сликата што ја украл била фалсификувана.

Оригиналот на сликата тој го украл пред неколку месеци од настанот и го заменил со фалсификувана верзија за да не се открие кражбата.

„Никој ништо не забележа. Тоа беше лесна и добро испланирана инсајдерска работа“, признал подоцна во полицијата.

Крадецот понудил враќање на оригиналот во замена за негово ослободување, а денес тврди дека сликата повторно ќе се најде во галеријата најдоцна до февруари 2017, на дваесетгодишнината од кражбата.

Единствено што преостанува  е да се утврди дали пронајдената слика навистина е оригиналното дело од Климт.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура