X
 14.01.2017 Живот

Морничавиот сајт кој има лични информации за многумина

Сте чуле ли за сајтот „Familytreenow.com“. Релативно непознат сајт, кој е презентиран како бесплатна генеалогија на ресурси.


Постојат многу веб страници кои нудат потрага по луѓе, но оваа страница има пристап до неверојатни лични информации, ги наоѓа лесно и бесплатно. Профилите на веб сајтот ги вклучуваат возраста, месецот на раѓање, членовите на семејството, адресите и телефоните. Но, дознавањето на сите тие податоци, може да биде корисно и за многумина кои сакаат да малтретираат некого, што предизвикува и мала паника заради тоа. Според искуствата на некои корисници, оваа алатка иако нуди голем број на информации, предизвикува и чувство на мала загриженост.

Според податоците на Интернет, овој сајт постои неколку години. Сајтот имам и профил на Твитер и страна на Фејсбук, но изгледа дека се неактивни одредено време. Многумина сметаат дека ваквата прилика би можела лесно да се злоупотреби, па оние кои ја креирале страницата не размислиле доволно за што всушност ќе се користи истата. Пристапот до основни лични информации може често да стане предмет на онлајн злоупотреба, особено кон маргинализираните групи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот