X
 20.01.2017 Забава

Веб страница која знае се` за вас

Благодарение на друштвените мрежи, свесно се согласуваме да делиме премногу информации за себе, а што повеќе ги користиме, толку повеќе другите имаат увид во нашиот живот.


Претераното делење на детали од сопствениот живот понекогаш може да биде опасно, дури и обичен статус во кој кажувате каде сте, може да биде знак за крадците дека не сте во вашиот дом. Технологијата напредува, па така вашата присутност на друштвените мрежи може дури и да ја предвиди вашата иднина.
Оваа алатка се нарекува „Predictive World“, а ја развиле научниците од Психометрискиот центар од Универзитетот Кембриџ. Целта на овој софтвер е да се прикаже како навидум безначајните податоци можат да бидат протолкувани во профили и примероци. Она што треба да го направите е да се логирате со својот „Facebook“ профил, а системот ќе анализира и ќе ви даде резултати кои можеби и вас ќе ве загрижат. Можете да впишете само локација и година, но тогаш системот ќе биде помалку прецизен.

Прецизно погодиле некои работи, меѓу кои и очекуваната старост, ризикот од убиство во идните десет години, но колку сте високи.

Можете ова да го сфатите како забавна апликација или како предупредување малку да закочите со споделувањето и лајкнувањето.
 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава