X
 04.04.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува оваа недела?



Во Македонија во понеделник во утринските часови локалнио ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево и надпросечно топол априлски ден. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните температури ќе достигнат до 20 односно до 27 степени. Ув индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје во понеделник во утринските часови појава на слаба магла. Во текот на денот сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 8 степени а максималната дневна до 25 степени. Ув индекс 6

Во Македонија и во наредните денови ќе продолжи трендот на невообичаените високи температури за овој период од година, па до крајот на новата работна седмица ќе имаме претежно сончево и топло време.

Во вторник претежно сончево и топло, Максималните температури ќе се движат од 19 до 27 степени. Во среда претежно сончево со локална облачност и топло, попладне во крајните западни и северозападните предели услови за слаб дожд. Максималните температури од 21 до 28 степени. Во четврток и петок претежно сончево со локална облачност и температури од 21 до 28 степени, односно од 20 дп 27 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот