X
 14.02.2017 Култура

За „Одговорноста на интелектуалците“ од Ноам Чомски

Познатиот американски лингвист, филозоф, социјален критичар и политички активист има да понуди многу теми за дискусија во новата ера на Трамп, а една од нив е и неговиот познат есеј од 1969 „Одговорноста на интелектуалците“.

ноам чомски


Ова е есеј кој може да да го отрезне еден просечен млад човек, а Чомски е човек што може да инспирира и да Ве натера да размислите длабоко за темите кои ги обработува. Најглавната идеја во неговиот есеј е убаво врамена по личното воведување во кое тој се повикува на друг влијателен писател и уредник од генерацијата пред неговата:

„Интелектуалците се во позиција да ги откријат лагите на владата, да ги анализираат акциите според причините и мотивите и често скриените намери. Барем во западниот свет, тие имаат моќ што доаѓа од политичка слобода, до пристап на информации и слобода на изразување. За привилигирано малцинство, западната демократија обезбедува одмор, објекти, како и тренинг да ја бараат вистината што лежи скриена зад превезот на изобличувањето и погрешната интерпретација, идеологијата и класниот интерес низ кои ни се претставени настани од моменталната историја.“

Овој есеј го напишал во екот на Виетнамската војна и е најмногу напишан како одговор на тој конфликт кој зад себе остави опустошена земја и 2 милиони мртви.

Овој есеј ги става под знак прашалник оние кои за себе мислат дека се „интелектуалци“, термин кој особено често се сретнува, но од него може да има бенефит секој читател со критички став, аналитички и логички вештини. Се сфаќа дека Американците не го сакале отсекогаш доброто за сите и немале чисти мотиви, а тоа и го пренесувале како информација генерации на професори по војната во Виетнам. Чомски со потсмев вели дека „Ние сме речиси првата сила во историјата што ги комбинира материјалните интереси, големите технолошки капацитети, и крајното непочитување за страдањата и бедата на пониските чинови.“

The Responsability of Intellectuals PDF
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура