X
 26.02.2017 Култура

Почина џинот од „Игра на престолот“

Највисокиот човек во Велика Британија и глумецот кој во серијата „Игра на тронови“ го глуми џинот Маг, почина во 36-та година од животот.

dzin

Нил Фингелтон бил професионален кошаркар, но во последните години од животот ги посветил на глумата. Бил висок 213 сантиметри, а почина вчера од срцев удар.

Фингелтон неговата професионална кошаркарска кариера ја поминал во Шпанија, Кина, Италија, Грција и Англија, а потоа се насочил кон глумата. Исто така, има глумено негативец во серијата „Doctor Who“ во 2015 година.

„Никогаш не ми беше непријатно поради мојата висина и всушност ми се допаѓа што сум толку висок - нешто единствено и оригинално. Моите пријатели се прекрасни, доаѓам од добро семејство, па мојата висина никогаш не претставуваше проблем“, изјави тој во една прилика.

Неговата смрт ги шокираше Британците, но и фановите на серијата кои на социјалните мрежи се простуваат од него.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура