Последните три недели, биолозите на Националната океанска и атмосферска администрација (
NOAA), ги истражувале морските засолништа во регионот на Американска Самоа во Пацификот. Тие успеале да пронајдат чудни и блескави суштества, потсетувајќи нè колку малку знаеме за животот на дното од океанот. Станува збор за тригодишна кампања за собирање важни научни податоци во и околу заштитените подрачја на американското приморје, во централниот и западниот дел од Пацификот.
Од 16 до 26 февруари, со помош на далечински управувани возила (ROV), научниците извеле неколку нуркачки потфати, при што откриле цел асортиман биолошки занимливости.
Сантјаго Херера, член на NOAA и универзитетски молекуларен еколог, изјавил дека проучиле дузина потенцијално нови видови морски ѕвезди, сунѓери, пердувести морски ѕвезди, корали и мекотели, од кои дел ги колектирале. Собраните примероци би им помогнале во потврдувањето на новите видови и би им овозможиле генетски анализи во насока на воспоставување еволутивни врски со веќе познатите видови.
Ви споделуваме некои од неверојатните откритија на NOAA:
Венерина муволовка – како и својот сувоземен двојник, оваа голема морска анемона ги затвора нејзините пипала за да го улови пленот или да се одбрани.
Проѕирна медуза која наликува на НЛО. Нејзините репродуктивни органи имаат светло жолта боја, а дигестивниот систем црвена.
Стаклени сунѓери, жолти морски ежови, пијавици, анемони, фантастична долгонога морска ѕвезда – брисингида.
Шкорпинки (scorpionfish) забележани на длабочина од 340 метри.