X
 13.03.2017 Живот

Србин го продава својот глас на Интернет

Во градот Врбас, во северна Србија, на гласач со име Владимир едноставно му е преку глава од српските политичари. Толку многу. Што тој го продава својот глас за престојните претседателски избори на популарна веб страница по цена од 10.500.000 евра.



Тој во огласот на „Kupujem Prodajem“, тврди дека не се грижи на која партија ќе и припадне неговиот глас бидејќи тој едноставно се „предава“. Исто така, Владимир информира дека наместо пари неговиот глас може да го менува и за канадско државјанство и фарма во Канада.

Изборите се закажани за 2 април, но Владимир изгледа дека не е единствениот кој ја изгубил вербата во политичкиот систем.

Balkan Insight“ објавиле дека продавањето на гласови е секако нелегално во Србија, но саркастичното рекламирање можеби е одговор на тоа како српските политички партии се справуваат со своите кампањи. Многумина ги обвиниле партиите дека ги поткупуваат гласачите. Медиумот објавил и дека ваквата практика на продавање гласови е карактеристична за Балканот, бидејќи во некои земји, како на пример Босна и Црна Гора, гласовите се продаваат и за 25 евра.

И други српски гласачи го искажале својот револт кон политичката состојба. Друг гласач-фармер на „Limundo“, ги понудил своите крави за креирање фотографии и видеа со политичарите за цена од 160 евра.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот