X
 19.04.2017 Живот

Путин открива колку изнесува неговата плата

путин
Фото: Reuters

Шефот на Русија објави колку заработува, а ги наведува и возилата кои се во негова сопственост.

Според расположливите податоци, рускиот претседател Владимир Путин заработил 149.000 евра во 2016 година. Освен тоа, Путин во неговиот имотен лист навел дека е сопственик на 1.500 квадратни метри земјиште, како и дека поседува стан од 77 квадрати и гаража од 18 квадрати.

Исто така, тој е сопственик на четири автомобили - два автомобили од марката Волга, една Лада Нива и камп приколка Скиф.

Премиерот Дмитри Медведев исто така вози само руски автомобили, но неговата сопруга Светлана е сопственик на еден Голф. Во имотниот лист пишува дека е сопственик на стан од 367 квадрати и 4.700 квадрати земјиште. Што се однесува до неговата плата, Медведев пишува дека заработува 8.280 евра помалку од Путин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот