X
 20.04.2017 Живот

Моментално ова девојче е најпопуларниот тапанар на интернет!


Девојчето тапанар
(Фото: Screenshot/Youtube)

Последните неколку месеци биле навистина возбудливи за десетгодишната Јоана Астрид Паулсен. Оваа мала тапанарка со своите настапи ги воодушеви членовите на жирито и публиката на натпреварувањето на данската верзија на „Суперталент“, каде однесе убедлива победа над другите натпреварувачи.

Сите едногласно ѝ честитале за победата, а таа изјавила дека сериозно размислува да се посвети на својата музичка кариера како рок тапанар. Гледачите на данскиот суперталент-шоу биле импресионирани од нејзината интерпретација на песната Killing in the Name Of од групата Rage Against the Machine, и уште една класика Whole Lotta Love од Led Zepellin.

Додека во првите кругови од натпреварот Јоана свирела со матрица, во финалето на сцената ѝ се придружил вистински бенд, рок ветераните D-A-D, што е кратенка од Disneyland After Dark.

После прогласувањето, Јоана изјавила дека би сакала да има свој бенд. „Не сум размислувала многу за тоа, но едноставно знам дека морам да свирам тапани кога ќе пораснам“, вели десетгодишната тапанарка.

Видеото од нејзините изведби е вистински хит на интернет.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот