35 годишниот Владимир Бошњак е воздухопловен инженер и пилот во „Croatia Airlines“ кој го развил електричниот трицикл „Streeter S3TR“, изум кој освои златен медал на најголемата светска изложба на нови производи во Каошунг.
Минатиот викенд беше исклучително успешенз а хрватските иноватори, кои од изложбата се вратија со 27 медали. Светската организација на иноватори и индустриска сопственост (WIIPA) собра 400 иноватори од 26 држави, а големата награда WIIPA и златниот му беа доделени токму на Владимир.
„Не можев да одам во Тајван бидејќи имав обврски на работ“, вели Бошњак.
„Иако мојот „Streeter“ се`уште е во фраза на прототип и направив само едно возило, очигледно дека луѓето го признаа овој квалитетен производ кој еден ден би можел да го освои светскиот пазар. Ова ми е второ големо признание, бидејќи на почетокот на ноември во Осиек, на меѓународниот натпревар INOVA, исто така освои златен медал. Самото име „Streeter“ може да се преведи како урбан шетач, што и зборува за тоа за кој е наметен мојот изум.
Така на некој начин започнале да се исплаќаат трите години макотрпна работа на Бошњак. Целосното име на неговиот изум е „Project Streeter S3TR“.
„Своето возило едноставно би го нарекол електричен скутер за движење во урбани средини“, објаснува тој.
„Додека растев во Славонски Брод, започна да ме прогонува идејата за возило кое би служело за забава и воедно би било практично за возење низ град. Така се создаде идејата за „Streeter“.
Уште од мал доста време поминувал во гаражата кадешто секогаш нешто расклопувал и составувал. Му паѓале на памет многу работи, но не сакал да зборува за неговите идеи. Во семејството никој не се занимавал со иноваторство, а средношколецот Владимир отишол во Загреб и успеал да се запиши на студиите по Аеронаутика на Техничкиот универзитетт. Овој инженер денес е професионален пилот со околу 4.000 часови на небо.
„Можете само да претпоставите колку е одговорна и напорна работа на пилотите. Затоа овие пронајдоци ги сметам за хоби, после работните и семејните обврски“, вели Владимир.
„Околку година дена работев на дизајнот на „Streeter“, а потоа две години во гаражата го составував прототипот кој во светот на иновациите е признат како нешто ново меѓу електричните скутери и слични возила.
Тој вели дека е полн со иновативни идеи кои во иднина ќе се обиде да ги реализира, пред се` за негово задоволство. Ако „Streeter“ никогаш не влезе во масовно производство, овој иновативен пилот ќе направи неколку прототипови за неговите пријатели. Според кажаното, „Streeter“ ќе се произведува во Кина, а производителите веќе го контактирале Бошњаќ бидејќи им се допаднал неговиот изум.
Пресметале дека за производство ќе бидат потребни околу 500 долари, а ќе се продава околу 1.000 долари.