X
 10.05.2017 Технологија

„Телефоните се мртви“ - вели основачот на „HoloLens“

„Телефонот е веќе мртов“, вели Алекс Кипман од „Microsoft“. Тој предвидува иднина во која че доминираат хибридни уреди способни за јакнење на светот околу нас, слично на неговата креација „HoloLens“.

фото извор: thenextweb.com

Пазарот на мобилни телефони е огромен. Секоја година се продаваат околу 1.5 милијарди уреди. Лесно е да се замисли иднина каде што „real-time“ информацијата ќе биде и носечка, односно веднаш пренесена. Но, постојат значајни чекори кои ќе не однесат до таму. Сепак, за тоа се потребни декади.

Уредите како „HoloLens“, ќе ја стават под знак прашалник употребата на мобилни телефони, но тоа не значи и дека ќе ги заменат. Барем не сега. Изјавата на Кипман е малку провокативна, но пред телефоните навистина да бидат мртви, компаниите како „Apple“, „Google“, „Samsung“, „LG“ и „HTC“, ќе заработат милијарди долари.

Ако тоа значи мртво, тогаш можеби е подобро уште еднаш да се провери пулсот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија