X
 08.12.2016 Технологија

Фејсбук ја бара вашата помош

Откако Фејсбук започна да работи со алгоритми се соочи со голем број на лажни содржини. За работата да биде полоша, колку повеќе луѓето кликнувале на ваквата содржина, толку повеќе алгоритмите ги ставале меѓу видливите содржини, па проблемот станал сериозен.

 

фб


Затоа Фејсбук започна интензивно да работи на решавање на овој проблем поставувајќи им прашања на корисниците на оваа мрежа.

„До кое ниво сметате дека содржината на линкот користи измамнички јазик?“, беше само едно од низата нови анкети на Фејсбук кои им се појавуваа на корисниците.

Фејсбук потврди дека ја тестираат функцијата која ги зема во предвид оценките на корисниците, меѓутоа не кажа детали за што поточно сакаат да ги искористат податоците.

Овој потег може да се објасни со начинот на кој Фејсбук ги „учи“ алгоритмите да препознаат лажни наслови, но и пример како социјалната мрежа ги користи своите корисници како богат извор за бесплатни податоци до кои може да дојде во било кое време.

Колку за потсетување, откако Фејсбук беше обвинет дека влијаел врз резултатот на претседателските избори во Америка со големиот број споделувани лажни вести, директорот на оваа социјална мрежа, Марк Цукерберг, изјави дека максимално се трудат да го спречат ширењето на лажните вести.

Лажните вести биле повеќе читани од вистинските вести во текот на претседателската кампања и избори во Америка. Токму поради тоа оваа социјална мрежа беше изложена на бројни критики со оглед на тоа што овие вести влијаеле врз формирањето на јавното мислење. Повеќето од возрасните Американци својата доза на информации ја добиваат токму преку Фејсбук.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија