X
 11.05.2017 Живот

Учествувајте во акцијата и предложете име за албино орангутанот

Организација за заштита на природата ја повикува јавноста да предложи имиња за женката која е редок вид на албино орангутан, спасена од жителите на Индонезискиот дел на островот Борнео, во надеж дека тоа ќе ги инспирира луѓето да вложат напор за да се сочува загрозениот вид.

фото извор: REUTERS/BOSF/Indrayana

Од фондацијата за опстанок на орангутаните на Борнео, соопштиле дека женката која има пет години ја чуваат во слабо осветлен објект, со ветеринарна нега, откако е спасена на 29 април.

Во соопштението на фондацијата е наведено дека женката орангутан станала амбасадор на својот вид и дека нејзиното име треба да ги одразува предизвиците со кои се соочуваат орангутаните во дивината.

Предлозите за името треба да се испратат на адреса name@orangutan.org.id, или со користење на хаштаг #albinoorangutan на социјалните мрежи, до 14 мај.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот