X
 01.06.2017 Живот

Месечен хороскоп за јуни 2017 година

Прочитајте што ви велат ѕвездите за љубовта, работата и вашето здравје овој месец.

horoskop

Овен

Љубов - Со толку потенцирано поле на домот и семејството, Овновите би можеле да направат феноменални работи - да го реновираат станбениот простор, евентуално да се преселат и слично. Вистина е дека Марс во ова поле може да потенцира и расправии, но оваа енергија сега релативно лесно може да се насочи кон нешто многу покорисно, нешто што вам и на вашиот брачен партнер ќе ви донесе задоволство и исполнетост. Доколку сте слободи, за вас многу подобар ќе биде вториот дел од јуни.

Работа -
Ќе ви одговара транзитот на Меркур низ Близнаци кој ќе трае до последната недела на јуни, а кој ќе придонесе да бидете поактивни, покомуникативни и на време да ги искористите шансите кои ви се нудат. Но, тука ќе има и застој - вашиот владетел во знакот на Рак нема да ја има потребната сила да се избори со некои околности.

Здравје
- Подобро ќе функционирате во првиот дел на месец јуни.

Бик

Љубов
- Со Венера, вашата владетелка, во полето на личноста, ќе имате преубави моменти во текот на јуни. Ќе се чувствувате феноменално, ќе ширите позитивна енергија и оптимизам, а партнерот насекаде ќе ве следи, спремен да ви посвети внимание и љубов. Немојте да заборавите дека во овој период ќе бидете на посилна позиција од него и дека од време на време треба да му „прогледате низ прсти“, но тоа во никој случај нема да го загрози вашиот однос.

Работа - Ви претстои одличен месец. Нагласено поле на личноста, на работата и парите па ќе имате доста договори, движење и комуникации. Во суштина, кога ќе собереме и одземеме, ве чекаат уште само неколку дена кои ќе ве кочат во работата, но после нив ќе имате одличен работен период. Доколку сте невработени, ништо не ви стои на патот до успехот и реализирањето во овој сегмент.

Здравје - Бидете внимателни во текот на возењето автомобил.

Близнаци

Љубов - Во емотивните емоции ќе можете да се опуштите и да уживате во љубовта со саканата личност. Сепак, бидејќи во текот на овој месец ќе се насочите на себеси и вашите цели, можно е повремено да немате доволно време за вашиот партнер, па во текот на јуни ќе дојде до одредени напнати ситуации. За среќа, тие нема да бидат доволни за да предизвикаат дестабилизација на вашата врска.

Работа
- Овој месец ќе имате одлично можности, волја, акција и способност да ги реализирате вашите идеи. Ќе бидете доста активни, но во исто време одлично ќе се организирате и ќе можете вашето внимание да го насочите на повеќе фронтови. Не бидете мрзеливи и не чекајте приликите сами да дојдат туку вие најдете ги.

Рак

Љубов - Периодот позади вас не беше лесен за вас, а ниту овој нема да биде поинаков. Единствено што е навистина добро е тоа дека Раковите влегуваат во една целосно нова животна фаза, во која себеси, своите желби, потреби, цели и приоритети ќе ги ставите на прво место. Во превод, некој од вас во текот на јуни ќе одлучи да стави точка на односот во кој се.

Работа - Повеќе од добар период за Ракови. Марс во текот на цел јуни ќе биде во вашето поле на личноста, ќе ви донесе зајакнување на амбициите, поголема иницијатива, енергија и храброст да се изборите за вашите цели. Она што е поволно е дека од почетокот на третата декада на јуни ќе имате поддршка од Сонцето и Меркур во вашиот знак. Повремено ќе бидете понервозни од обично, така што треба да обрнете внимание на меѓучовечките односи.

Здравје - Марс во полето на личноста ви носи поголема енергија.

Лав

Љубов
- Доколку сте во подолга емотивна врска, особено од вториот дел на јуни ќе започнете да размислувате за иднината на вашиот однос. Некои од вас ќе мислат дека дојде време да се смират и да запловат во посериозни води со партнерот. Лавовите во брачна заедница имаат променлив период пред себеси. Очигледно е дека ви е потребно растеретување, повеќе слобода и повеќе време поминато со пријателите.

Работа - Овој месец, на полесен начин можете да дојдете компромис на работно поле, но истовремено ќе имате можност да направите договори кои ќе се покажат како исплатливи. Исто така, полето на поддршка од страна на другите е потенцирано до крајот на втората декада и е евидентно дека многу од вас ќе бидат спремни да ги реализираат своите цели по секоја цена. Во овој период ќе бидете оптеретени со конкуренцијата или стравот од неуспех на одредено поле, но за брзо време ќе сфатите дека стравовите се неосновани.

Здравје - Не дозволувајте стресот и нервозата да влијаат врз вашиот имунитет.

Девица

Љубов - Владетелот на партнерските односи, Јупитер ќе влијае за вие да бидете во најдобро и најоптимистичко расположение, па така емотивните релации ќе функционираат неспоредливо поуспешно отколку во изминатиов период. Заедно со саканата личност можете да ставите точка на несогласувањата кои ве следеа и да се насочите кон заеднички планови за иднината. Вие лично сте подготвени за промени и активност, па ќе успеете да организирате некое убаво изненадување за партнерот.

Работа - Не само што динамиката и активноста ќе бидат посилни од претходно, туку овој период ви претстојат и некои одлични бизнис можности. Конечно ќе можете да започнете и со плановите кои подолг период ги имавте оставено „на чекање“. Од вас се бара да бидете постојано во движење, да бидете иницијатор, да ја гледате секоја можност за комуникација и договор со постоечките и потенцијалните бизнис партнери.

Здравје - Чувајте се од настинки.

Вага

Љубов - Добриот аспект на Венера и Марс во текот на поголемиот дел од месец јуни ќе ви обезбеди солиден однос со саканата личност. Секако, постои и повремена љубомора и потреба да го „присвоите“ партнерот, да го украдете од сите и да го имате само за себе. Исто така, саканата личност ќе има повремени нервозни испади, можеби поради вашиот притисок, но генерално гледано - ништо од ова нема да влијае врз вашата врска.

Работа - Генерално гледано, Вагите во текот на јуни ќе бидат во процес на промена која и тоа како ќе води напред. Ќе имате многу контакти, во и надвор од земјата, ќе склопите важни договори кои можат да ви обезбедат долгорочна стабилност и профитабилност. Во сето ова ќе се снајдете како „риба во вода“, но не сметајте дека било што од тоа ќе дојде самото од себе.

Здравје - Внимавајте на исхраната.

Шкорпија

Љубов
- За Шкорпиите ова е уште еден нормален емотивен месец. Вие сте нежни, партнерот е прекрасен, вие сте желни за љубов и ви подарува прегратки и бакнежи. Исто така, ќе имате одлични совети кои можете да си ги дадете еден на друг, а што е најдобро, сега сте спремни и да ги послушате. Доколку сте слободни, ништо не ве спречува емотивно да се реализирате.

Работа
- Потребно е да верувате во себеси, да ја зграпчите поддршката која ви се нуди и да направите голем чекор во вашата кариера. Ќе имате среќа бидејќи вистинските информации доаѓаат во вистински момент. Иако брзо ќе дојдете до решение за сите ситуации кои досега ви биле проблематични, нешто ќе оставите за наредниот период. Оние кои сакаат да ја променат работата или да се активираат во дополнителни активности, сега можат да го направат тоа.

Здравје -
Пад на имунитетот.

Стрелец


Љубов - Марс излегува од вашето поле на сериозни емотивни партнерства и брак на почетокот на месец јуни, но тоа не значи дека сите потешкотии со партнерот ќе ги оставите зад себе. Прво, полната Месечина во вашиот знак кон крајот на првата декада од јуни ќе ви донесе потреба да ги расчистите некои ситуации со саканата личност, точно да кажете што и како чувствувате и евентуално заеднички да се обидете да го решите вашиот однос.

Работа - Венера во вашето поле ќе ви донесе полесно функционирање на дневна база, но и подобри односи и разбирање со колегите. Нивната поддршка и помош и тоа како ќе ви бидат потребни за оние промени кои сакате да ги реализирате и кај себеси, и во работната средина.

Здравје -
Ќе воведете нови, позитивни животни навики.

Јарец

Љубов
- За да избегнете недоразбирања и потенцијални расправи кои може да се појават во текот на овој месец, ќе морате да ги искористите другите планетарни аспекти кои ви одат од рака. Важно е да не се инаетите и да не бидете тврдоглави, туку да го искористите позитивното влијание на планетите - и работите ќе бидат како што треба.

Работа - Ако ги споите убаво и корисно - ќе бидете повеќе од задоволни. Оние кои се занимаваат со креативни професии, кои се подготвени да ги пласираат своите идеи, оние кои заработуваат врз основа на нивните таленти, ќе бидат поддржани во текот на месец јуни. Ќе работите многу, но и ќе заработите исто толку. И не само тоа, ќе се чувствувате повеќе од добро на вашето работно место.

Здравје - Проблеми со дигестивниот систем.

Водолија

Љубов -
Вие и вашиот емотивен партнер ќе уживате во првата декада на месец јуни. Но, со влегувањето на втората декада овој период, веќе може да дојде до проблематични ситуации. Партнерот и вие ќе можете да разговарате за заеднички планови, околу начинот на воспитување на децата, околу тоа кој и колку време ќе поминувате со пријателите, дури и околу тоа дали некој од вас двајцата флертува со други лица.

Работа - Ќе работите прилично многу - пропорционално на тоа ќе земите прилично многу пари. Вашето поле на соработка со странците ќе биде прилично активно, а некои од вас ќе успеат да договорат добри и исплатливи бизнис активности. Исто така, во текот на овој период ќе ви се отвори можност за уште една, паралелна работа која на почеток ќе ви биде напорна, но од која ќе можете да добиете задоволувачки финансиски надоместок.

Здравје - Започнете со некоја физичка активност.

Риби

Љубов
- После незадоволството и неисполнетоста кои ги чувствувавте во текот на претходниот период, конечно ќе влезете во месец кој ветува многу подобра ситуација со саканата личност. Меркур, планетата која владее со вашите партнерски односи се наоѓаат во своето седиште и знакот Близнаци и во вашето поле на домот, па оние кои се во брак ќе реализираат вистинска комуникација, отворање и расположеност да се сослушаат желбите и потребите на другата страна.

Работа -
Позади себе имате солиден работен период, а во јуни е вистински момент за барања. Не ве очекуваат некои спектакуларни промени и фантастични нови почетоци, но ова е период кога полека одите кон она што одамна сте го зацртале дека треба да го реализирате. За вас овој период ќе важи поговорката: „Убавиот збор, железни врати отвора“. Ќе функционирате на ваков начин и никој нема да може да одолее на вашето влијание.

Здравје - Проблеми со колената.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот