X
 16.06.2017 Технологија

Русија развива опасно сајбер оружје

Хакерите поврзани со Руската влада развиле сајбер оружје кое има потенцијал да биде највознемирувачко до сега за електричните системи, од кои Американците зависат секојдневно, тврдат американските истражувачи.

фото извор: momente/shutterstock.com

Се верува дека ова оружје до сега го попречило само електричниот систем во Украина во декември. Со одредени модификации, можно е оружјето да биде насочено кон Американската електрична трансмисија и дистрибутивни системи, а тоа да доведе до разорувачки последици. Истражувачите тврдат дека Руската влада и хакерите веќе покажале интерес во таргетирање на Американските енергетски системи.

Американката влада истражува низа обиди на Русите за попречување на изборите и оттаму произлегува и оваа нова информација. Експертите сметаат дека се работи за истата група која ги извршила нападите во Украина, или пак лица кои се поврзани со нив.

Експертите за енергија сметаат дека новото оружје претставува вистинска закана и причина за загриженост, но индустријата бара начини за разбивање на хакерските напади кои се проблем за енергетските системи.

Теоретски, сајбер оружјето може да биде модифицирано на тој начин што ќе може да нападне различни типови на системи, како водоводниот и гасниот систем. Сепак, до сега не е забележано тоа ниво на софистицираност на истото. Исто така, напаѓачот може да таргетира повеќе локации и со тоа нападот да биде извршен истовремено на повеќе места, па штетата да биде уште поголема.

Експертите истакнуваат дека доколку ова се случи, самиот напад може да трае неколку часа, а стагнацијата неколку дена, бидејќи операторите во индустријата се обучени да се справуваат со пречки и да ги решат проблемите. Иако е вистинска закана, сепак не најцрното можно сценарио, сметаат експертите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија