X
 23.06.2017 Живот

Данските археолози пронашле тоалет постар од илјада години

Истражувајќи ги остатоците од руралното население во општината Стевнс во југоисточна Данска, археолозите пронашле два метри длабока јама, за која сметаат дека е до сега најстариот откриен тоалет во таа држава, чија содржина многу говори за хигиенските навики и исхраната на старите Викинзи.

фото извор: Pixabay

До откритието дошле сосема случајно, а истражувачите прво сметале дека се работи за остатоци од некоја јама. Откритието претставува изненадување за антрополозите кои го студираат животот и обичаите на Викинзите. До сега се претпоставувало дека тие нуждата ја извршувале во природа или во шталите за домашни животни.

Порано се мислело дека Викинзите ретко имале посебни тоалетни простории, но сега се покажува дека и тие имале тоалети. Анализата на пронајдените микро фосили, покажала голема присутност на ливадски цветен полен кој обично го има во медот и медовината. Се заклучува дека тие намирници биле редовна состојка на менито на Викинзите.

Пронајдените седименти датираат од пред најмалку илјада години. Викинзите тој дел од Данска го населувале од доцниот 8 век, па до средината на 11 век.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот