X
 26.10.2026 Живот

Неверојатни сцени во Мадрид - илјадници овци и кози го преплавија центарот на шпанската престолнина

Илјадници овци и кози ги преплавија улиците на Мадрид, привлекувајќи многубројни туристи и жители на шпанската престолнина на годишниот фестивал на пастирската практика на преместување на добитокот на нови пасишта.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Мадрид на 33. Фестивал на номадското сточарство, каде што настапија групи облечени во носии, музичари и традиционални танцови ансамбли, пренесува шпанскиот портал „Ултима ора“.

1.250 овци и 160 кози го преплавија центарот на градот

„Да се видат овци како минуваат среде центарот е неверојатно“, прокоментира еден од присутните.

Околу пладне, Борха Карабанте, делегат за урбанистичко планирање, животна средина и мобилност на Градскиот совет, ги пречека на плоштадот „Плаза де ла Виља“ пастирите, надзорниците и сточарите. Таму делегатот симболично прими „50 мараведии на илјада“, цената што пастирите некогаш морале да им ја платат на властите за користење на сточарските патеки и преминување преку нивните имоти.



Поради кампот поставен на Плоштадот „Пуерта дел Сол“ во знак на протест против станбената криза, маршрутата на фестивалот беше изменета оваа година.

Карабанте изрази жалење што кампот влијае врз секојдневниот живот на градот и што жителите на Мадрид не можеа да уживаат во преминувањето на овците низ „Пуерта дел Сол“, иако нагласи дека е важно што традицијата продолжува благодарение на фактот што општинската власт успеа да најде алтернатива.

Мадрид го одржува овој фестивал од 1994 година, а слични настани одбележуваат и градови во Италија, Франција и Калифорнија. Мадрид се наоѓа на некогашниот пат кој бил дел од големата мрежа на земјоделски подрачја што го покривале Иберискиот Полуостров.

Извор: euronews
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот