X
 26.06.2017 Образование

Дали е во ред децата да сметаат со помош на прстите?

Постои пракса децата од најрана возраст да се учат да рачунаат со помош на прстите. Но дали е ова во ред?

детенце
Фото: makeit-loveit.com

Едно ново истражување објавено во весникот „Граници на образованието“ покажува дека користењето на прстите може да претставува многу поважен дел од учењето математика отколку што се мислело до сега.

Професорот Тим Џеј од универзитетот Шефилд Халам и независниот истражувач д-р Џули Бетенсон велат дека игрите со прстите кои децата ги играат дома се клучни за нивното образование.

Имено, научниците работеле на студија со 137 деца од шест и седум години. На децата им задале да бројат и да играат игри со броеви, како домино, змија итн., но само на неколку им дозволиле да употребат прсти. Се покажало дека децата кои користеле прсти имале многу подобри резултати.

„Студијата нуди докази дека прстите на децата им помагаат да го премостат јазот меѓу различното манифестирање на броевите – усно, писмено и симболично. Комбинирањето на прсти и игри со броеви за наставниците би можело да претставува добар пристап за учење на бревите како и на операциите со броеви“, изјавил професорот Џеј.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование