X
 07.02.2017 Живот

Зошто ги одложуваме обврските?

Децата кои растат во опкружување со предвидливи активности, како определено време за јадење, спиење, дружење со семејството и пријателите и слободни активности, имаат помалку проблеми подоцна кога ќе пораснат.

Луѓето кои постојано доцнат и ги одложуваат своите обврски, во иднина ќе можат да ги обвинат своите родители за таквото однесување. Студијата на Универзитетот во Олбани покажа дека децата со стабилна рутина имаат помалку проблеми со управувањето со времето и нарушувањето на вниманието подоцна во животот. Проблемите со вниманието се поврзуваат со бројни негативни резултати подоцна во животот, вклучитечно и тешкотии при студирањето и вработувањето.

Во истражувањето учествувале 292 студенти од двата пола. Резултатите покажале дека кај децата кои растат во услови на предвидливи и определени активности и стабилни рутини, имаат помалку проблеми подоцна во животот.

Поранешните студии го потврдуваат позитивното влијание на дефинирани рутини кај децата кои поминале низ екстремни животни периоди, како што се губење на еден родител, преселување или развод на родителите. Младите кои растат во услови каде се знае што ќе се случува секој ден и што можат да очекуваат, имаат поголема можност за развивање на чувство за семејна стабилност отколку децата со хаотични активности.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот