X
 10.07.2017 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена

Денес е понеделник, 10 јули 2017 година, 191-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:02, а ќе зајде во 20:13 часот. Денот ќе трае 15 часа и 11 минути.

Почетокот на првото утро од новата седмица го започнуваме со сончево и температурно надпросечни температури.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес тропски ден, ќе биде претежно сончево и многу топло време, а попладне во северозападните и западните како и во источните предели се очекува зголемување на облачноста и услови за развој на нестабилност која може да услови сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер кој ќе услови и дополнителен пораст на температурите. Утринските од 13 до 22 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Поради високите температури кои што не очекуваат во текот на денот се препорачува да се избегнува дирекна изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот која што е најтопло, и да се следат препораките од лекарите и надлежните институции за справување со топлотни бранови.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес тропски денови, сончево и многу топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 21 степен, додека пак максималната дневна до 38 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник и среда во Македонија ќе продолжат тропските денови, ќе биде сончево и многу топло време со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 30 до 41 односно од 29 до 40 степени, како и висока вредност на ув индексот која што ќе изнесува 9, затоа бидете многу внимателни и следете ги препораките. Во четврток претежно сончево и топло време со благ пад на дневните температури кои што ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. Во петок претежно сончево со појава на локална облачност и дополнително опаѓање на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 24 до 35 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот