X
 14.08.2017 Живот

Што може Стив Џобс да нѐ научи за успехот?

џобс

Стив Џобс е една од најпочитуваните фигури на технолошката ера. Со својот фокус во работата, постојаното трагање по совршеност, арогантното однесување, себичноста и непочитувањето на чувствата на другите, како и апсолутната посветеност кон неговото животно дело, тој е вистински херој од роман. Неговиот живот, лик, достигнувања и неуспеси постојано се дебатираат од обожавателите и критичарите.

Патот на Џобс не бил лесен и без пречки. Тој не успеал да го заврши своето образование, имал психоделични искуства и изгубил неколку високи позиции во компаниите во кои работел. Но самиот Џобс велел:

„Не можете да ги поврзете точките гледајќи напред, можете да ги поврзете само гледајќи назад. Moра да верувате дека некако ќе ги поврзете во иднина. Moрате да верувате во нешто - вашата интуиција, судбина, живот, карма, што и да е. Овој пристап никогаш не ме изневерил и направил голема разлика во мојот живот“.

Без разлика на тоа што правел Џобс - започнувајќи компании, барајќи духовни одговори, освојувајќи ја жената што ја сака, тој сите овие работи ги правел целосно посветено.

„Помислата дека ќе умреш е најдобриот начин со кој знам дека ќе ги избегнам замките од помислата дека имам нешто да загубам. Веќе си гол. Не постои причина да не го следиш срцето“.

„Мислам дека ако направиш нешто и излезе добро, тогаш треба да целиш кон нешто прекрасно, но да не се задржуваш на него многу долго. Само откриј што е следно“.


Неговиот главен пристап веројатно бил вкоренет во неговиот афинитет кон будизмот. Тој секогаш барал едноставност, доведувајќи ги идеите, проблемите, производите до нивната основа, барајќи една, едноставна, чиста суштина на нештата.

„Тоа е една од моите мантри - фокусот и едноставноста. Едноставното може да биде потешко отколку сложеното; мора да работиме напорно за нашето размислување да го направиме едноставно. На крајот вреди бидејќи штом стигнете таму, ќе можете да поместите планини“.


На крај, добро е да се потенцира дека заедничкото нешто меѓу неверојатно успешните луѓе како Стив Џобс, Илон Маск и Бил Гејтс е нивната неверојатна истрајност и одбивање да се откажат кога ќе се соочат со неуспех.

„Отпуштањето од 'Eпл' беше најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Тежината на успехот беше заменета со леснотијата да бидам повторно почетник. Ме ослободи и ми помогна да влезам во еден од најкреативните периоди во мојот живот. Беше ужасен лек, но претпоставувам му беше потребен на пациентот. Понекогаш животот те удира во главата со тула. Не губи верба“.


Ова се најзначајните моменти од животот на Џобс.

џобс
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот