X
 16.08.2017 Наука

Зошто родителите ги држат бебињата на левата страна?

На која страна го држите бебето кога го подигнувате? Ако сте како 70 до 85 % од жените, тогаш одговорот е на левата страна, без разлика која рака ви е доминантна. Истото важи за повеќето видови цицачи. Според авторите на најновата студија од 2017 година, сето ова е поврзано со мозокот на мајката.


Повеќето жени од видот цицачи ги држат бебињата на левата страна, но истражувањата покажуваат дека и младите девојки го прават истото, а машките не, но само додека не станат татковци.

Претходни истражувања покажале дека децата сакаат да бидат околу луѓето на десната страна, односно луѓето околу нив да им бидат од левата страна. Анализирани биле повеќе видови цицачи, како коњи, антилопи, овци, китови, кенгури. Децата во секој од овие видови повеќе сакале нивните мајки да ги држат на нивната лева страна. Но, кога ситуацијата е стресна, тогаш мајките ги држат на сопствената лева страна.

Левата страна е толку посебна бидејќи левото око испраќа сигнали до десната хемисфера на мозокот. Десната хемисфера анализира социјални сигнали и информации за емоциите.

Ваквиот начин на функционирање овозможува поголема прецизност и брзина во многу типови социјални одговори, за разлика од десното око и неговата поврзаност со левата хемисфера, велат авторите на студијата. Што значи, мајката го држи детето на левата страна бидејќи има поголема контрола.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука