X
 29.08.2017 Наука

Научниците на чекор до пронаоѓање неограничен извор на енергија?


Зајдисонце и ветерници
(Фото: Pixabay)


Доктор Џон Рајт и неговите соработници на Технолошкиот институт во Масачусетс постигнаа значаен напредок во научните истражувања приближувајќи се до пронаоѓањето неограничен извор на енергија.

Научниците пронајдоа нов начин доволно да го загреат горивото на плазмата за да се покрене фузирачка реакција.

Во модерните нуклеарни реактори плазмата се прави од два вида јони, додека новата користи трихидроген, деутериум и траги на хелиум.

Технологијата која конечно би можела да ја замени употребата на фосилни горива се базира на енергија добиена од Сонцето.

Можноста за создавање толкави количини енергетски набиени јони во неактивен апарат има голема корист.

„Со споредување на производите од реакционата фузија можеме да го проучуваме однесувањето на јоните“, истакна доктор Рајт.

Joint European Torus (JET) сега сака да се вклучи во истражувањето за да ги користи добиените резултати во својата работа.

Доктор Рајт додава дека соработката со JET ќе биде од голема корист во натамошните истражувања.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука