X
 08.09.2017 Живот

Викенд временска прогноза

Денес е петок, 8 септември 2017 година, 251-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:01, а ќе зајде во 19:00 часот. Денот ќе трае 12 часа и 59 минути.

Ова утро под влијание на поле на висок воздушен притисок во Македонија имаме претежно сончево време со појава на локална облачност но и потопло време со повисоки утрински температури поради јужното воздушно струење.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност која што се очекува во попладневните часови и потопло време со пораст на температурите. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер а во крајните западни предели ќе дува слаб западен ветер. Утринските температури од 6 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. УВ индекс 5.

СКОПЈЕ - Во Скопје претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен слаб јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 31 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици и посвежо време со благ пад на дневните температури. Утринските од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни од 21 до 32 степени. Во недела посвежо утро со утринска температура од 6 до 16 степени, а во текот на денот претежно сончево и топло време со дневнаи температури од 24 до 35 степени. Сончево и многу топло време во Македонија не очекува и во понеделник кога дневните температури ќе се искачат над повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе се движат од 26 до 36 степени. Во вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а во северозападните и западните предели со услови за врнежи од дожд и дневни температури кои што ќе се движат од 20 до 30 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот