X
 13.09.2017 Живот

Аунг Сун Ки го изневери светот

мјанмар
Фото: Reuters

1991 година во светот беше уште една од неодамна започнатите години на култот на слободата и човековите права. Во текот на оваа година во мода дојдоа жените кои како одмазда за нивните убиени татковци, почнаа да се борат за човековите права. Во Пакистан се појави убавата и храбра Беназир Буто, која се бореше против генералот, а за демократија и демократско наследство на нејзиниот татко Зулфикар Али Бут.

Во Бурма, која подоцна го доби Мјанмар, ќерката на таткото на нацијата и основачот на бурманската армија, Аунг Сан, заврши во домашен притвор. Година дена претходно, во 1990 година, Европа ја почести со позната награда која претходно им била доделена само на Нелсон Мандела и Александар Дубчек.

Во 1991 година, оваа жена, Аунг Сан Су Ки, станува добитничка на Нобеловата награда за мир. Од тој момент, па во наредните дваесет години нејзината мисија и нејзината појава тајно ќе го еротизираат и инспирираат оној подобар дел од човештвото, вклучувајќи ги поетите, музичарите и воените активисти и добрите луѓе. Во 2009 година еден добар човек ќе преплива голема вода само за да ја предупреди дека воената хунта има намера да ја ликвидира и тоа да го претстави како несреќен случај.

Пред да се врати во Мјанмар, Аунг Сан работела како економист во ОН. Нејзиниот ангажман бил по линија на Махатма Ганди: политика на пасивен отпор, со нешто што не било својствено за самиот Ганди - радикална и целосна демократија, која морала од бурманска перспектива да изгледа како сериозна утопија. Притоа, жената изгледала како кревка кукла. И на некој начин тоа и била: идеално нешто што ќе го украсува вашиот дом на Запад.

На шармот на Аунг Сан Су Ки, на тоа воздржано лице кое ја примало сета болка во светот, а не покажувало ништо, паднале многу типови - од папата Јован Павле II и далај-лама, преку Боно Вокс и Вејн Шортер до Кофи Анан и Барак Обама, кои беа навистина трогнати од нејзината љубовна приказна. Имено, Аунг Сан била во брак со британскиот историчар Мајкл Арис, со кого имала два сина, но потоа биле разделени: таа во куќен притвор, тој во Лондон, за подоцна да му биде дијагностициран рак на простатата, во напредна фаза. Тој од бурманската влада побарал виза и дозвола уште еднаш да ја види својата сопруга.

Но генералите ладно го одбиле. Во тој момент немало лице кое не упатило молби до генералот - од Путин до Обама. Но тој останал на своето - така човекот умре далеку од саканата.

Меѓутоа, воздржаното лице на Аунг Сан Су наскоро ќе биде прикажано како лице на студена и нечувствителна жена.

Aунг во Мјанмар била доста популарна како ќерка на таткото на нацијата, но за нејзината репутација на Западот е заслужна нејзината власт во земјата. Може да се каже дека Нобеловата награда за мир ѝ го спаси животот. Да не се заинтересираше светот, генералите ќе ја убиеја. Но таа денес е на чело на мјанмарскиот режим. Таа е министер за надворешни работи, но претседателот е нејзина марионета. Не можела да стане претседател поради формални причини: законот во Бурма вели дека една личност не може да стане претседател ако има блиска сродност со странски државјанин. Режимот со кој таа управува веќе две години води безмилосна кампања против Рохинџа, едвај видливо муслиманско малцинство во западниот дел на земјата кое во Бурма е традиционално обесправено. Овие луѓе немаат право, никогаш не го имале, а немаат ниту бурманско државјанство. А под водство на Аунг Сан Су Ки неселективно се убивани, силувани и бркани. Самата министерка неколку пати учтиво им повторила на западните новинари дека Рохинџа не се Мјанмарци, не можат да добијат мјанмарско државјанство, ниту пак имаат граѓански права во нејзината земја.

Ова докажува колку Нобеловиот комитет има погрешено кога станува збор за доделување на Нобеловата награда за мир. На крај, Осло, поради страв да не биде награден некој иден масовен убиец, наградата му ја даде на дете - Малала Јусуфзаи.

Автор: Миљенко Јерговиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот