X
 03.10.2017 Технологија

Не наседнувајте: ова се најпознатите митови на интернет


Маж во костум со чуден израз на лицето
(Фото: Profimedia)


1.    Мемиња

Во ера на социјални мрежи и хистерично повеќекратно објавување на популарни фотографии, тешко е да се разликува вистината од лагата. Како што стојат работите, единствената работа што денес навистина се цени е факторот забава или невообичаеност, нешто што овие слики ги доведе до сечиј ѕид или инбокс.

2.    Заработка преку повторени објави

Во некои случаи повтореното објавување навистина е исплатливо – можете да добиете карти за кино или за шминкање. А некоја поголема заработувачка? Заборавете! Најдобриот дел од приказната за иконографската фотографија на Бил Гејтс кој „дава средства за повторени објави“ е нешто во што многумина поверуваа. Јасно е, имаше многу „жртви“ на лажната објава, а остатокот од приказната веќе е историја.

Бил Гејтс
(Фото: Screenshot)

3.    Авторските права на социјалните мрежи

Убедени сме дека во инбокс сте наишле на ваква порака. Ваквите потсетници и покрај „сериозната“ содржина претставуваат апсолутно губење време. Вашите авторски права нема да бидат заштитени, за што сведочат стотици корисници на социјалните мрежи кои своите „авторски дела“ ги објавиле на мрежите. Најдобриот дел од овој мит е што сè уште многубројни интернаути веруваат во него и денес.

Авторски права на Фејсбук
(Фото: Screenshot)

4.    Дали го сонувавте овој човек?

Митот за човекот кој се појавува во соништата е стар над десет години, но поради некаква причина, луѓето и ден-денес го објавуваат. И дополнително, убедени сме дека сте налетале барем еднаш на фотографиите или видеата од овој „страшен“ жител на соништата. Потеклото на овој интернет-мит е побизарно отколку што сте помислиле. Станува збор за многу успешна рекламна кампања за хорор-филм. Со други зборови, „овој човек“ не постои, ниту постоел во минатото.

Човекот што го сонуваат сите
(Фото: Screenshot)

5.    Луис Делаж

Инстаграмот на популарната Луис Делаж е апсолутен доказ дека за слава нема потреба ниту да постоите. На прв поглед најверојатно нема да забележите ништо чудно – освен што на секоја фотографија држи в рака некаков алкохолен пијалак. Сметате ли дека таа има проблем со алкохолот? Па, и не баш, со оглед што Луис Делаж воопшто не постои. Станува збор за профил создаден за подигнување на свеста за порастот на консумирањето алкохол меѓу младите.

Луис Делаж
(Фото: Facebook)

6.    Објави што предупредуваат на хакери во пораките

Социјалните мрежи од месец на месец реагираат на предупредувањата за хакерски напади. Текстот во овие пораки секојпат е, повеќе или помалку, идентичен, со тоа што евентуално се менува името на мистериозните и опасни хакери. Сакате ли да ја чуете вознемирувачката вистина? Вистинските хакери не мора да бидат ваши пријатели за да можат да го хакираат вашиот профил.

7.    Еден лајк = едно евро

Со години овој стар трик се стреми кон добронамерните и наивни корисници на социјалните мрежи. За жал, сите добродетели на интернет, милиони кликања и лајкувања не можат да им помогнат на сироти деца и животни, а напротив, им даваат „ветер в грб“ на низа измамнички групации. Ваквиот вид измами се толку проширени што администрацијата на „Фејсбук“ неколку пати издаваше предупредувања дека без оглед колку е слатко некое детенце или животинче, кликнувањето „лајк“ е помалку продуктивно од кликот на копчето „пријави“.

8.    Смртта на славните

Секој, вклучително и најславните, еден ден ќе умре. Вестите што се занимаваат со смртта на починати ѕвезди дефинитивно не се причина за „кукање“. Ако го прашате „Фејсбук“, Меколи Калкин и Кејт Ричардс умираат барем двапати годишно. За среќа на сите обожаватели на епскиот серијал „Сам дома“, господинот Калкин (како што се гледа и од фотографијата), е релативно здрав.

9.    Писмата на нигериските принцови

За овој урбан мит, односно интернет-измама, имаат слушнато многумина. И уште повеќе, можеме да се обложиме во следната статистика: ако сте на интернет повеќе од три години, сте сретнале барем едно писмо од нигериската аристократија која ве замолува за финансиска помош. Причината зошто оваа измама и денес привлекува жртви се најнаивните „жители“ на глобалната мрежа кои и покрај стотиците предупредувања, и ден-денес на нигериските принцови и м праќаат пари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија