Научниците развиле еластично, хируршко лепило што може да ги трансформира итните третмани преку затворање на критични рани на кожата или во органите, без употреба на конци.
фото извор: University of Sydney
Гелот е базиран на хибриден еластичен протеин и може да се нанесе на внатрешни и на надворешни рани за да се затворат и да се поттикне процесот на заздравување.
Зад гелот стои интернационален тим на научници, кој смета дека ова може да биде вистински спасувач на животи, бидејќи раната би се затворила за 60 секунди, а со тоа ќе се спречи понатамошно ширење и инфицирање на истата. Сепак, засега испитувањата се ограничени само на модели на животни, но се очекува наскоро да почнат тестирања и на луѓе. Кога ќе се нанесе гелот, местото се поставува под ултравиолетово светло. Тоа овозможува лепилото да биде прецизно распределно и успешно да се поврзат структурите на површината на ткивата.
Благодарение на ензимот што се разградува,
лепилото може да биде модифицирано да трае одредено време, врз основа на видот на повредата. Во итни случаи овој начин може да биде од големо значење, па бидејќи функционира како силикон, процедурата ќе биде значително побрза отколку со шиење со конци.
Научниците тврдат дека е многу едноставно за нанесување и одлично функционира со природното ткиво за заздравување на раната. Не остава зад себе никакви токсични материи. Доколку ова
лепило биде развиено како комерцијален производ, тогаш најверојатно ќе стане есенцијален дел од првата помош при повреди и рани.