X
 15.10.2017 Живот

Британски селски паб именуван како „најдобриот ресторан на светот

Интернационално гласање на мислења од клиенти резултирало со победник во категоријата „најдобар ресторан на светот“. Се работи за селски паб во Северн Јоркшир.

фото извор: Getty Images

Анкетата била објавена од „ТрипЕдвајзор“. Од компанијата истакнале дека за прв пат после 2012 година побединк е угостителски објект од Велика Британија. Пабот е наречен „Црниот лебед“ и се наоѓа во Олдстед, Северен Јоркшир. Собрани биле мислењата на клиенти кои го посетувале во изминатите 12 месеци.

Во претходните 3 години победувал „Мартин Берасатегуи“ од Шпанија. Ова е листата од најдобрите 10 места според спроведената анкета:

1. „Црниот лебед“, Олдстед, Северен Јоркшир

2. „Белмон Ле Маноа у Куат Сезон“, Грејт Милтон, Оксфордшир, Велика Британија

3. „Мезон Ламелоиз“, Шагни, Франција

4. „Лаборж де Ил“, Илхаусерн, Франција

5. „Мартин Берасатегуи“, Ласарте, Шпанија

6. „Даниел“, Њу Јорк, САД

7. „Ла Коломбе“, Константиа, Јужна Африка

8. „Кујната на Дејвид“, Чианг Маи, Тајланд

9. „Маидо“, Лима, Перу

10. „Ел Целер де Кан Рока“, Гирона, Шпанија
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот