X
 18.10.2017 Наука

Најстариот трик на светот за двојно подобра меморија


Делчиња од сложувалка
(Фото: Pixabay)


Некои луѓе имаат одлично помнење, додека други не можат да запомнат ни пет работи што треба да ги купат во продавница без список и потсетник. Ако спаѓате во втората група, тогаш треба да го прочитате ова!

Имено, неодамна објавената студија во стручното списание „Неврон“ открива како може да се поправи тоа.

Тим од Медицинскиот факултет во Холандија, на чело со професорот по когнитивна невронаука, Мартин Дреслер, спроведе студија во која беа испитувани мозоците на 23 лица за кои е потврдено дека имаат најдобра меморија на светот. Контролната група ја сочинувале 23 лица на слична возраст, здравствена состојба и интелигенција, со просечна меморија.

При истражувањето со помош на магнетна резонанција се мереле разликите во јачината на комуникацијата меѓу региите во мозокот, а се користела и структурална магнетна резонанција за мерење на разликите во величината.

Во анатомијата на мозокот немало разлики, односно испитаниците со одлична меморија немаат поголем мозок од лицата со просечно помнење. Но, забележани се разлики во шаблоните на поврзувањето – кај најдобрите имало и до 2.500 различни врски во мозокот!

Секој од испитаниците со одлична меморија всушност го тренира мозокот со таканаречени мнемонички стратегии, а особено со методот Лоци. Методот Лоци претставува ментално поврзување со одредени физички локации. Методот се темели на запамтените просторни односи за групирање и утврдување на податоци. Овој метод го користеле и античките Грци и Римјани.

Вториот дел од истражувањето вклучувал различни групи субјекти – 51 лице, слично на лицата со одлично помнење од првиот дел, но со типични способности на мозокот, кои претходно не правеле никакви „вежби“ за мозок. Биле поделени во 3 групи – две вежбале, а едната група – не.

„Ги трениравме со методот Лоци во текот на шест недели, по 30 минути дневно. После вежбите тие покажаа многу поголема способност за меморирање“, открива доктор Дреслер. Што е најважно, со тренингот се зголемува и поврзаноста меѓу региите во мозокот. По полни два месеца се забележани уште подобри резултати.

Методот Лоци се покажа како одлична алатка за подобрување на меморијата, како за секојдневни работи така и за помнење купишта стручни информации“, заклучува професорот Дреслер и препорачува да ги запомнувате нештата или според првите букви или според сликите што ве асоцираат на нив.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука