X
 24.10.2017 Живот

Самохраните татковци откриваат како им изгледа секојдневието без жена

tatko

Татковците што сами ги одгледуваат своите деца велат дека понекогаш се толку осамени, што се прашуваат каков би им бил животот без децата, а потоа ги прогонува совеста бидејќи воопшто помислиле на тоа.

За своите искуства, секојдневие и мисли прозборуваа на мобилната апликација „Виспер“. Со оглед на тоа што апликацијата овозможува анонимност, тие искрено зборуваа без да бидат осудувани од луѓето, семејството и роднините. Ова се нивните искуства:

- Јас сум самохран татко и постојано измислувам изговори кога пријателите ќе ме повикаат да излеземе. Мислам дека никој нема да може да се грижи за мојата ќерка како што можам јас. Нејзе ѝ е потребно моето време многу повеќе отколку на другите.

- Обожавам што сум самохран татко. Но барем еднаш во месецот би сакал повторно да имам 21 година и да излезам со пријателите. Поради ова имам грижа на совеста.

2

- Никогаш не мислев дека ќе биде толку тешко да се биде самохран родител. Сепак, секое утро после будење најпрво го прегрнувам моето дете.

- Сам се грижам за своите деца во последните 13 години. Како што го напуштаат домот, моето чувство на осаменост е сè поголемо. Многу е полошо отколку што си замислував.

- Постојано му кажувам на син ми дека го сакам - тој ми е најважен и се чувствувам празно кога не сме заедно.

- Како самохран родител, почнувам да сфаќам дека можеби никогаш во животот нема да имам шанса да излезам со некоја жена.

- Јас сум самохран родител, а работам во војска. Затоа често се прашувам дали на мојата ќерка би ѝ било подобро без мене.

- Имам целосно старателство над мојот син, а покрај тоа сум и полицаец. Секојпат кога ќе се збогувам со него стравувам дека повеќе нема да ме види.

- Тешко е. Го носам син ми на фудбал или пливање, па седам и го чекам додека мајките на другите деца се собираат и се дружат. Тогаш се чувствувам како идиот.

- Постојано слушам: „Самохраните мајки мора сè да работат, целиот товар е врз нив“. Но и нам, на самохраните татковци, ни е исто.

3

- Можеби е тешко да се биде самохран татко, но сè додека мојата ќерка е добро, и јас ќе бидам добро.

- Половина од слободните девојки, кои инаку би биле заинтересирани за мене ако немам деца, сега не ме погледнуваат.

- Ги сакам моите деца повеќе од сè, но понекогаш си замислувам каков би бил мојот живот без нив и тогаш чувствувам вина.

- Понекогаш сум преплашен од количината и од видот на прашањата на мојата 6-годишна ќерка.

- Нам, на самохраните татковци, ни е тешко да излегуваме со жени. Откако ќе дознаат дека имам дете, едноставно исчезнуваат.

- Луѓето постојано ме фалат затоа што сум самохран татко, додека самохраните мајки ги гледаат со презир. Не знам зошто се овие двојни стандарди.

- Самохран татко сум и чувството на осаменост е толку реално.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот