X
 24.12.2017 Живот

Не е зрел за пензија: Бруцош во деведесеттата

penzioner
Фото: Pixabay

90-годишниот Русин Кирил Патракин одлучил дека не сака да биде само пензионер, па се запишал на факултетот по природни науки при Универзитетот во Перм.

Клупата ја дели со студенти кои се 70 години помлади од него. Признава дека на почетокот се мачел со сметководителство, но додава дека младите доста му помогнале со проблемот.

Патракин вели дека целиот живот штедел за да може да патува. Посетил 72 земји со неговата сопруга, која во меѓувреме се разболела. Сега сака да се посвети на студиите, а ако одат работите онака како што планира, ќе може да дипломира во 2018 година.

Приказната за овој неуморен господин, кој би требало да ни биде пример ја објави „Дојче Веле“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот