X
 22.08.2022 Живот

Отворен ден на Brainster Next College - првиот акредитиран практичен ИТ-факултет

На настанот, кој ќе се одржи на 25 август (четврток) со почеток во 15:30 часот, сите заинтересирани студенти и родители ќе имаат можност да дознаат што го прави Brainster Next College поинаков од другите факултети за информатички технологии. Интерактивни предавања од професорите, запознавање со компании кои ќе нудат пракса и вработување на студентите и кариерно советување се дел од предвидените активности што ги очекуваат посетителите.

Brainster Next College (Бреинстер некст колеџ), првиот практичен ИТ-факултет во државата кој нуди акредитирани додипломски студии по софтверско инженерство и иновации, креирани според реалните потреби на индустријата, го организира првиот oтворен ден, кој ќе се одржи на 25 август во просториите на Brainster со почеток во 15:30 часот.

На отворениот ден посетителите ќе имаат можност да се запознаат со академскиот и административниот кадар што ќе ги води студентите низ целото академско патување, ќе има кариерно советување за сите што се прашуваат дали професија во ИТ-светот е вистинскиот избор за нив, како и инфо-сесии поврзани со уписите, студиите, студиската програма, предметите и практичната настава.

Покрај ова, сите заинтересирани ќе имаат можност да учествуваат на едно или повеќе интерактивни предавања од страна на професорите - реномирани експерти во својата област, и да стекнат сертификат за учество, а воедно ќе имаат можност да запознаат и дел од компаниите со кои соработува колеџот и кои ќе нудат пракса и вработување на студентите. Агенда за отворениот ден и линк за регистрација е достапен ТУКА.



Инфо-сесии, кариерно советување, инспиративни приказни, компании кои ќе нудат пракса и вработување, предавање за тоа како Google maps одлучува која е најдобрата маршрута за патување…


Исто така, посетителите ќе имаат можност да ја слушнат инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски - основачот на Brainster, кој е лидер во професионалната едукација и впрочем основач на Brainster Next College како високообразовна институција во која ќе се преточат сите најдобри практики од 7-годишното искуство на Brainster во ова поле.
Од аспект на интерактивните предавања, професорот Ивица Пешовски ќе даде одговор на прашањето како „Google Maps“ одлучува кoja е најдобрата маршрута за патување? - односно како навигациските системи одлучуваат кој пат да ви го препорачаат преку анализа на работата на Дајкстриниот алгоритам (Dijkstra). Покрај него, интересно предавање ќе има и професорот Петар Јолакоски, кој ќе зборува на тема „Случајно пребарување и митот за целите“. Неговото излагање ќе даде одговор на прашањата: Зошто модерниот живот се врти околу целите, како случајните пронајдоци може да доведат до големи резултати и постои ли „рецепт“ за голем успех. Горјан Поповски, пак, ќе ја разреши дилемата дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите?
Преку видеоконференциска врска ќе се приклучи и реномираниот меѓународен експерт Дамјан Обал, кој има богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки. Тој ќе ги детектира и објасни најинтересните митови поврзани со UX дизајн.
Она што е особено значајно е дека присутните ќе имаат можност и да се запознаат со дел од компаниите кои ќе нудат пракса и вработување на студентите на Brainster Next како што се DEPT, ATIS, ITLabs, Melon, Valtec, и берлинската компанија AllMyHomes што ќе нуди пракса за студентите во Германија.

Можност да се дознае повеќе за „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, проект за кој Brainster Next College направи инвестиција од 2,5 милиони евра


На отворениот ден, наменет за сите родители, матуранти и млади што сакаат да студираат софтверско инженерство, покрај информациите за сите услови за упис на факултетот, секако ќе има и можност заинтересираните да се запознаат повеќе со финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“ - за кој Brainster Next College направи инвестиција од 2,5 милиони евра со цел да овозможи достапно и квалитетно високо образование за сите и да го олесни финансискиот товар за студиите. Преку овој модел студентите ќе можат да студираат за 0 денари во текот на нивните 3-годишни студии, а да почнат со отплаќање на школарината на 36 бескаматни рати, по дипломирањето или вработувањето.

Отворениот ден Brainster Next College ќе започне во 15:30 часот на 25 август во просториите на Brainster Space, на ул. Васил Ѓоргов 19 (Капиштец, спроти Зебра). Линкот за регистрација на настанот е достапен ТУКА!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот