X
 06.01.2015 Живот

Празнична временска прогноза



Во Македонија во вторник во раните утрински часови и претпладне ќе биде облачно со слаби врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престанат и услови за повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -10°C до -2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -5°C односно до 3°C.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови со услови за слаби врнежи од снег кои попладне ќе престанат и со услови за сончеви периоди. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -6°C степени, а максималната дневна температура ќе достигне до -1°C.

Во вечерните часови и во текот на ноќта поради ниски температури ќе има услови за појава на голомразица.

По леденото утро во среда во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч, кој вечерните часови ќе слабее. Утринските температури од -14°C до -5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -5°C односно до 3°C.

Во вечерните часови и во текот на ноќта поради ниски температури ќе има услови за појава на голомразица.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот