X
 17.01.2017 Живот

Што значи да се биде добар родител, според педијатрите?

Без оглед на тоа каков родител сте – попустлив, без граници, постојат неколку особини кои се карактеристики за добри родители.

Дали некогаш сте се запрашале што значи да се биде добар родител од детската перспектива? Педијатарот Криси Риверс тоа прашање му го поставила на својот седумгодишен син. Тој и одговорил дека добриот родител не вика и ги води своите деца на роденденски забави, им купува подароци на децата, ги носи на летување и зимување и се мази со нив.

Овој едноставен и искрен одговор на невино мало момче ја насмеал и воедно ја навел на размислување. Таа вели дека колку подолго размислувала за неговите зборови, толку подобро ја сфатила вистината во нив.

Како педијатар, Кристи се среќава со родители од различен статус. Еден ден лечи семејство од сиропиталиште, а утредента дете од богати родители. Од оваа поделба сфатила дека вистинските родители се оние кои имаат цврст карактер без разлика на состојбата на нивната банкарска сметка или нивото на образование.

roditel
Фото: Freepik

Ова се петте вистини кои се гледиште на педијатар и се однесуваат на добри родители:

Добрите родители ги контролираат своите емоции
– Тие не реагираат на секој излив на бес од страна на детето, неговите безобразни зборови или превртување со очите. Знаат кога треба да прејдат преку некои работи, кога да опоменат за лошо однесување а да не не ја изгубат ладнокрвноста пред раздразливото дете или тинејџер.

Добрите родители секогаш ја покажуваат својата љубов
– Истражувањата покажале дека децата кои се често прегрнувани од своите родители се претвораат во чувствителни и пријатни личности. Добрите родители не ги штедат прегратките а за возврат нивните деца се чувствуваат сигурни и задоволни.

Добрите родители поставуваат граници заради сигурноста на своите деца –
Некои родители се плашат дека со поставувањето граници ќе доведат до конфликти со малото дете или со тинејџерот. Во реалноста, добрите родители сфаќаат дека децата колку што се посвесни за границите, помалку ќе имаат желба за да ги кршат.

 Добрите родители ја почитуваат независноста на своите деца
– Како што детето учи да оди и родителите не мора постојано да го држат, така и постарите деца не мора постојано да ги чуваме од пад. Иако е тоа дел од нашата природа да ги чуваме, добрите родител знаат дека секоја грешка води до независност.

Добрите родители се забавуваат со своите деца –
Родителите често се преокупирани со воспистувањето на соврпеното дете, од часови по пијано до спортски трнинзи. Но, денот трае само 24 часа и затоа не останува време за забава. Родителите треба да поминат квалитетно време со своите деца бидејќи среќата која децата тогаш ја чувствуваат создава нераскинливи врски кои ќе ги следат во текот на нивното растење.

Децата едноставно знаат што им треба за да се чувствуваат сигурно и заштитено  –
Често родителите во книгите или на Интернет бараат упатства како да ги воспитуваат децата. Но, моете да ги прашате вашите деца кој за нив е добар родител. Можеби нивните одговори ќе ве изненадат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот