X
 15.05.2017 Живот

Како родителот може да влијае на развојот на детскиот мозок?

Родителите често се соочуваат со многу емотивни моменти за време на растењето на децата.


Секое дете и неговиот развој е посебна приказна, техниките на учење и воспитување кои се применуваат кај едното дете, може да не успеат и да одговараат кај другото. Затоа родителството е важно од секоја гледна точка. Што е она што е клучно за развојот на мозокот на децата? Одговорот е – родителите. Не само нивното физичко присуство, туку и емоционалното.

Ова се неколку начини кои покажуваат како да го развивате мозокот на вашето дете секој ден:

1. Издвојте време секој ден кога повторно ќе бидете дете

Иако постојат различни начини за игра, неструктурните рационални поставки претставуваат најголем потенцијал за развој на мозокот. Со други зборови, бидете повторно дете. Издвојте секој ден најмалку 20 минути кога ќе истражувате со детето и заедно ќе го прославите она што сте го откриле. Нека играта биде непрекината и детето нека ја води. Бидете тука и гледајте го светот со негови очи.

2. Раскажувајте му семејни приказни


Наместо да гледате во екраните на мобилните телефони, за време на семејниот ручек раскажувајте им на децата приказни за семејството и предците. Статистиката покажува дека децата кои ја познаваат историјата и потеклото на своето семејство имаат поголема самодоверба, подобра контрола над својот живот, а со самото тоа е и поголема веројатноста да бидат емоционално здрави и среќни.

3. Подарете му на детето досада

Истражувањата покажуваат дека луѓето навистина не сакаат да останат сами со своите мисли. Немојте да му ги заробувате децата во креативна немоќ. Постојаното приредување на забави всушност ја кочи нивната креативност. Психолозите сугерираат дека 15 минути досада не само што поттикнуваат кративно размислување, туку ги наведуваат луѓето и да ја бараат смислата и да истражуваат. Дозволете му на детето некогаш и да му биде досадно.

4. Поставете си себеси едно прашање

Секогаш кога вашите деца се емоционално оптоварени, запрашајте се како да им пријдете на емотивно сигурен начин, за децата да знаат дека се сакани. Поврзаноста и разговорот со децата се пресудни за развој на мозокот. Нежниот бакнеж и прегратка по напоред ден на училиште не е само гест, туку ендорфинот кој во тој момент се ослободува, помага детето да се чувствува среќно и опуштено. Освојте го срцето на вашето дете во раната возраст и ќе можете да влијаете на неговото однесување во текот на целиот живот.

5. Контакт со очи наместо со телефони

Децата само сакаат да се секогаш во центарот на вашето внимание. Како инаку ќе му покажете на детето дека уживате да играте со него повеќе отколку да гледате во телефонот?

Автор: А.Ц./zelenaucionica.com
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот