X
 17.04.2018 Живот

Јункер: ЕУ да се отвори за Балканот за да не се повторат војните од 90-тите

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, драматично предупреди дека Европската Унија мора да им даде европска перспектива на земјите од Југоисточна Европа за да се избегне повторување на воените судири од деведесеттите години од минатиот век.

- Ако не се отвориме за земјите во тој исклучително комплициран и трагичен регион, ако не им дадеме европска перспектива, повторно ќе имаме војна како што имавме во 90-тите. Не сакам повторно војна на Балканот и затоа мораме да се отвориме за тие земји - рече Јункер додека говореше во Европскиот парламент.

Јункер предупреди дека Европа не ја сочинуваат само Франција и Германија и дека на Европа ѝ е потребен придонес и од другите.

Комисијата денес треба да го објави извештајот за напредокот на земјите-кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот