X
 17.04.2019 Живот

Обуки за европско финансирање и европски програми

Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе-Битола, заедно со Асоцијацијата „Обединети бизнис-клубови“ од Софија, Бугарија, организира обуки за подготовка на проекти за европско финансирање преку европски програми. Обуките се организирани во пет дела:

1. Преглед на европските фондови и програми за поддршка на развојот на Република Северна Македонија;

2. Европски фондови и програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија;

3. Европски фондови и програми за поддршка на развојот на туризам, култура, образование и спорт во Република Северна Македонија;

4. Европските фондови и програми за мали и средни бизниси во Република Северна Македонија;

5. Како да подготвиме успешни проектни предлози за аплицирање за европските фондови и програми со кои се олеснува развојот на Република Северна Македонија (теоретски и практични активности).

За кого се наменети обуките?

Обуките се корисни за претставници на државната и општинската администрација, бизнисот, невладини организации, културни и спортски организации, училишта, универзитети и други профили.

Предавачи

- Веселин Халачев – претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската алијанса на мал бизнис (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европските фондови”.

- Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК.

Програма

Програмата за обуките може да се преземе овде или со кликање тука.

Локација

Место на одржување на обуката: МСУ „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола.

Финансиски услови

EUR 300 за вкупно 5 обуки по лице со сертификат.

• со вклучен ручек и кафе-паузи.

• 10% попуст по лице за 2 или повеќе пријавени лица од иста организација.

Податоци за вршење на уплатата

Сметка: 200002690444081

Депонент на: Стопанска банка

Примач: Институт за инженерска економија, Св. Николе

Цел на дознака: Обука за европско финансирање

Можете да аплицирате на следниов линк: https://msu.edu.mk/evropski-programi2019/

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот