Според Глобалниот индекс за баланс меѓу работата и животот за 2025 година, 10. држави со најдобар баланс меѓу работата и животот се Нов Зеланд, Ирска, Белгија, Германија, Норвешка, Данска, Канада, Австралија, Финска и Шпанија.
Глобалниот индекс за баланс меѓу работата и животот е составен врз основа законскиот годишен одмор, боледувањето, платеното породилно отсуство, минималната саатница, пристапот до здравство, просечниот број работни часови неделно, безбедноста и нивото на задоволство од животот.
На врвот на листата се наоѓа
Нов Зеланд, кој трета година по ред го зазема првото место, со вкупен резултат од 86,87 од 100. Во извештајот се истакнува дека земјата спојува релативно кратка работна недела од 33 часа, 32 дена законски годишен одмор, 26 недели платено породилно отсуство и универзален здравствен систем.
Ирска е на второ место, најмногу поради комбинацијата на високата минимална саатница, 30 дена законски одмор, 26 недели платено породилно отсуство и многу добрите показатели за безбедност. Просечната работна недела е 34,3 часа, што е меѓу поповолните резултати во Европа.
Третото место ѝ припадна на
Белгија, која се издвојува со релативно кратка просечна работна недела од 34,1 часа, 30 дена годишен одмор и силна социјална заштита.
Веднаш зад неа е
Германија, каде што просечната работна недела е 33,2 часа, со 30 дена законски одмор и високо ниво на институционална сигурност.
Меѓу првите пет е и
Норвешка, која според овој индекс особено напредувала благодарение на родителските политики. Во извештајот се наведуваат 35 дена законски одмор, 49 недели платено породилно отсуство и просечна работна недела од 32,6 часа.
Високо се рангирани и другите нордиски земји.
Данска е на шестото место, со 35 дена законски одмор и просечна работна седмица од 32,5 часа. Во истиот извештај се наведува и дека
Холандија има најкратка просечна работна недела меѓу анализираните држави, од 30,5 часа, иако не е меѓу првите 10.
Седмото место го зазеде
Канада, која стои добро во индексот благодарение на универзалниот здравствен систем, силната заштита на вработените за време на боледување и просечната работна недела од 35,2 часа. На осмото место е
Австралија, со 30 дена законски одмор, просечна работна недела од 32,29 часа и висока минимална саатница.
На деветтото место се најде
Финска, а на десеттото
Шпанија.
Важно е да се нагласи дека ваквите рангирања не го мерат само бројот на работни часови. ОЕЦД го следи и годишниот број на одработени часови, што е само еден дел од пошироката слика. Затоа, државите со добар баланс меѓу работата и животот главно комбинираат пократко работно време, побезбедни работни услови, подолг одмор и подостапна здравствена и семејна заштита.
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik