X
 17.05.2022 Живот

100-годишен човек работи во истата компанија 84 години, па ги открива тајните за неговиот успех

100-годишен маж вели дека неговата страст за работа е единствената причина поради која успеал да го постави овој интересен светски рекорд.

Волтер Ортман успеа да постави рекорд за најдолг работен стаж во една компанија, откако помина дури 84 години во истата текстилна компанија во Бразил.

Тој првично бил ангажиран како тинејџер - наместо неговата мајка - затоа што зборувал германски, а таа не. Минатиот месец Ортман влезе во Гинисовата книга на рекорди откако ја оствари најдолгата кариера во истата компанија.

Тој бил принуден да го напушти училиштето на 15-годишна возраст бидејќи неговото семејство се мачело да го задржи својот дом. Се пријавил за работа во фирма за ткаење, а бил вработен бидејќи течно зборувал германски.

Компанијата сега е позната како „Ренеуксвју“, а Ортман бил ангажиран како транспортен асистент на 17 јануари 1938 година.

Бразилецот подоцна бил унапреден на позицијата продавач, а потоа станал и менаџер за продажба.

- Во далечната 1938 година се очекуваше децата да работат за да ги издржуваат своите семејства - вели Ортман, истакнувајќи дека тој е најстар од петте деца. Мајка му го однела да бара работа на 14 години.

Неговиот совет до секој што сака долг и исполнет професионален живот е да го работи она што го сака и да се држат настрана од брзата храна.

2
Фото: Screenshot/YouTube

- Мора да сакаш да работиш. Почнав да работам со волја и борбеност. Не можете да извршувате каква било работа за да кажете дека работите. Нема да можете да издржите - вели тој.

Иако пред неколку децении можеше да се пензионира, тој и понатаму е активен на работа, а во 2019 година одбележа 81 година и 85 дена работен стаж.

И покрај сите промени во технологијата, тој успеа да се приспособи на предизвиците со кои се среќава во деловниот свет. Тој наполни 100 години на 19 април, а роденденот го прослави со семејството, пријателите и соработниците.

За да остане во форма, Ортман секојдневно вежба и се грижи за својата исхрана: избегнува шеќер, газирани пијалаци и сокови.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот