X
 17.05.2023 Живот

Зошто Австрија им плаќа на граѓаните поправка за одредени уреди?

„Право на поправка“ е предлог-закон на Европската Унија чија цел е да им овозможи на граѓаните да поправат стар уред наместо да купат нов, со цел да се намали отпадот.

Програмата е дизајнирана за да го намали количеството на електронски отпад со тоа што државата ќе плати половина од трошоците за поправка на уредот.

Граѓаните и индустријата на земјите од ЕУ годишно произведуваат 35 милиони тони електронски отпад и 260 милиони тони СО2.

Покрај самата поправка, идејата на предлог-законот „Право на поправка“ е производителот на уреди да обезбеди едноставна поправка и доволен број резервни делови за услугата да биде поевтина и полесна од купување нов уред.

Уредите вклучени во оваа програма се мобилни телефони, уреди, машини за кафе и машини за миење садови, кои можат да се однесат на поправка на една од 3.500 локации во земјата.

Реализацијата на програмата почна минатата година и за само една година беа издадени 560.000 ваучери во вредност од 200 евра.

Од Министерството за животна средина на Австрија велат дека не очекувале ваков одговор од граѓаните и првично мислеле дека до 2026 година ќе бидат издадени најмногу 400.000 ваучери.

Како функционира овој закон во практика?


Секој производител е должен да обезбеди сервис за уредот на свој трошок во текот на гарантниот период, сѐ додека вредноста на поправката не чини повеќе од замената на уредот, кога купувачот би го добил истиот нов уред.

5 до 10 години по завршувањето на гаранцијата, производителот е должен да може да го поправи уредот, но на трошок на купувачот.

Законот бара од производителите да обезбедат транспарентни информации за тоа како се поправа производот, со што се елиминира монополот над сервисирањето и на тој начин им се овозможува на малите бизниси да сервисираат уреди, што ќе ги намали трошоците за поправка.

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот