X
 25.05.2022 Образование

Мамела на матурскиот испит во Австрија, ѝ се заканува казна затвор од една година

Поради мамење на матурски испит по економија, 18-годишна девојка од Австрија може да заврши в затвор, јавија странски медиуми.

Таа на 9 мај полагала матура во училиште во Дојчландсберг, а со себе понела и два мобилни телефони и слушалки. Откако сликала прашања, ги испраќала до свои блиски, па преку слушалките ги добивала точните одговори.

Еден наставник го забележал нејзиното однесување и поднел пријава. Девојката добила можност наесен повторно да полага, но ќе мора да се соочи и со кривично-правни последици.

Училишното раководство морало да го пријави случајот во Обвинителство, каде што се одлучува за покренување постапка, затоа што положената матура е јавен документ и се казнува ако некое лице го добие со измама.
Доколку Обвинителството покрене постапка, девојката во најдобар случај може да помине со парична казна. Во најлош случај, ќе заврши една година во затвор.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование