X
 17.06.2017 Живот

Колку пари треба да заработувате за да се сметате за богати?

Ново истражување од „YouGov“ покажува која состојба луѓето ја дефинираат како „богата“ или „сиромашна“ или пак, ниедна од тие две.

Според истражувањето, човек се смета за сиромашен ако заработува до 15.300 фунти годишно. Заработувачката помеѓу 16.478 и 38.800 фунти се смета за средина, односно ниту богат ниту сиромашен човек, според мислењето на мнозинството. Кога веќе се заработува до 60.500 фунти годишно, тогаш веќе зборуваме за богат човек, а тоа се случува само кај 10 проценти од луѓето кои заработуваат толкава сума.
Иако општеството смета дека 10 проценти од вработените се богати, само 4 проценти од луѓето се сметаат себеси за богати.

Две третини од луѓето сметаат дека некој кој заработува минимално во текот на годината, е сиромашен. Слично, 41 процент од луѓето сметаат дека и оние кои заработуваат 16.478 фунти годишно дека се сиромашни. Оние кои имаат средна заработувачка, односно од 27.600 фунти годишно, се сметаат од мнозинството дека не се ниту богати ниту сиромашни. Од повеќето Британци мислењето е дека лицата кои заработуваат 45.001 фунти годишно се богати.

Анкетата била спроведувана врз основа на индивидуална заработувачка, па тука не се сметаат трошоците за живот, местото на живеење и податокот дали индивидуата има деца или не.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот