X
 17.07.2018 Наука

НАСА бара помош: Како астронаутите да се ослободат од ѓубрето?

Американската вселенска агенција НАСА бара идеи како астронаутите да се ослободат од тоните ѓубре што ќе ги остават зад себе во идните вселенски мисии.

Условите што треба да ги задоволуваат системите за компресија и преработка на отпад (Trash Compaction and Processing Systems, TCPS) се наведени во документот објавен преку програмата „Некс степ“.

астронаути
Фото: Profimedia


Меѓу другото, системот мора да понуди метод за компресија погоден за долгорочно чување и начин на обработка на отпадот за да се намалат здравствените ризици, како и начин за управување со отпадните гасови и течности. Крајната цел е да им се овозможи на идните вселенски мисии да не се потпираат на снабдување од Земјата за да бидат поефикасни и поевтини.

НАСА веќе работи на развивање сопствени решенија за проблемот, на пример, конвертирање на ѓубрето во гас, а ја истражувала и можноста за собирање вода од ѓубрето.

На 24 јули е закажан состанок со индустриските партнери. За време на состанокот НАСА ќе ги објасни своите барања и потреби. Крајниот рок за поднесување официјални понуди е 22 август. Приватните компании мора да учествуваат со минимално 10 отсто од средствата потребни за финансирање на развојот на решението.

Избраните решенија ќе бидат тестирани во текот на наредните десет години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука