X
 06.05.2018 Наука

Оптичката илузија што исчезнува кога ќе зјапате подолго во неа

Оптичките илзуии можат да ве измамат и поради нив да гледате прилично бизарни работи, па така истовремено да гледате лик на стара и млада жена, идентични линии што се разликуваат по големина или прави линии што изгледаат како коси. Но во однос на илузијата што се појавува тука, станува збор за она што не го гледате. Искусете сами: погледнете во сликата и таа ќе исчезне пред вашите очи.

Погледнете ја сликата подолу. Станува збор за црна точка опкружена со светло обоени прскања на бои во спорадичен редослед. Сега погледнете подолго и поблиску. Фокусирајте се на точката во средината на сликата - светлите бои што беа толку светли во еден миг, полека ќе започнат да исчезнуваат, а вие ќе останете само со црната точка на бела позадина.

iluzija

Причината поради ова се нарекува Трокслер. Овој феномен бил откриен до 1804 година од страна на швајцарскиот лекар и филозофот Игнас Трокслер. Веројатно сте виделе неколку различни оптички илузии што работат врз основа на овој ефект - се фокусирате на едно нешто, а тоа кога е надвор од вашата периферија започнува да се менува. Во пастелниот пример погоре, ќе забележите дека боите полека исчезнуваат, бидејќи со целото внимание се фокусиравте на точката во средината, па така вашиот мозок смета дека другите работи се непотребни и неважни.

Со толку многу стимуланси околу нас, нашиот мозок е навистина добар при изборот да го одржува фокусот. Размислете: веројатно ќе престанете да го мирисате вашиот парфем неколку минути откако ќе го ставите. Нашиот мозок се подготвува да ги истурка дразбите што не се менуваат. Зошто мозокот би трошел енергија на овие работи?

Во оваа илузија, намерно го држите вашиот фокус на точката. Но во реалниот живот, не ги забележувате моментите како што е исчезнувањето на бојата, бидејќи вашите очи постојано прават микродвижења, дури и ако гледате во едно нешто.

- Илузиите се дел од она што сме. Тие буквално се дел од нашата невронска машинерија. Не е лошо да сакате да ја доведете во прашање вашата реалност - верли Сузана Мартинез-Конде, професор во Медицинскиот центар „СУНИ“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука