X
 17.08.2019 Економија

Во оваа држава богат е секој што има месечна плата над 3.440 евра

Секој што има месечна плата повисока од 3.440 евра во Германија е официјално богат, покажува истражувањето на еден институт во Келн.

Наведената сума на нето-заработка, по одбивањето на даноците и давачките на државата, иако не се чини дека е голема, е достапна за секој десетти Германец.

Оваа граница на богатството важи само за луѓето што се сами, а кога станува збор за домаќинства без деца, односно за брачен пар, границата на богатство е 5.160 евра, односно нешто повеќе од 2.550 евра по сопружник.

Причината е тоа што во едно домаќинство одредени трошоци се плаќаат по единствена цена, без оглед на тоа колку членови ја користат услугата - како што се интернетот, греењето или кирија за стан.

Сепак, речиси никој од оние што имаат плата повисока од 3.500 евра не се смета себеси за богат, туку само за член на средната класа или во најдобар случај - горната средна класа.

Вистинските припадници на средната класа, кои земаат околу 1.870 евра месечно, сметаат дека се наоѓаат на границата на сиромаштијата. Но, 1.869 евра е просечната месечна плата во Германија, односно половина вработени во оваа земја добиваат толкав или понизок износ, а другата половина добиваат повеќе.

Најчестите плати за Германците се меѓу 1.300 (за жените) и 1.600 (за мажите) евра месечно. Факултетски образованите во просек се подобро платени, околу 2.540 евра, што е износ недостижен за две третини од населението во Германија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија