X
 25.01.2016 Образование

Како да преговарате за зголемување на вашата плата

Без разлика дали сте веќе вработени или во потрага по работа, порано или подоцна, со компанијата ќе мора да преговарате за висината на вашата плата. Околностите за секого секогаш се различни, меѓутоа горе-долу преговорите се слични, без разлика дали дискутирате за пари со долгогодишен работодавец или нов.

Потребни ви се неколку клучни чекори кои ќе ве подготват за преговарање. Запомнете, потребно е да ги избегнувате грешките, да ги прикажете вашите вештини за да можете да заработите повеќе пари.

Време е за само-проценка

Пред да се сретнете со вашиот работодавец за да разговарате, седнете и листот поделете го во две колони. Во колоната А, напишете го следново:

Достигнувања
Вештини
Искуство
Професионални односи


Без разлика дали преговарате за платата како дел од новата работа или барате покачување на платата од вашиот сегашен работодавец, предметите од колона А се прилично исти.

Во колоната Б, запишете ги вашите професионални обврски, успеси и слично како:

Неуспешни проекти
Недостиг на искуство
Претходни проблеми во текот на работата


Колоната Б зависи од тоа дали сте веќе вработени или невработени, па на тој начин ќе ја организирате. На пример, ако веќе имате работа и сакате вашиот шеф да ви даде покачување на платата, претходните празнини во вашата кариера веројатно ќе имаат мало значење; но ако барате нова работа, за време на интервјуто ќе треба да му објасните на работодавецот зошто немате работа подолг временски период.

Што и да ставите во колона Б, потребно е претходна подготовка за секој предмет.

Направете истражување

Откако ќе завршите со колоните, време е за следниот чекор: истражувајте што можете да очекувате за да заработите од преговорите.

За почеток, обидете се да откриете колку компанијата во минатото плаќала за слични позиции и искуства. Во поголеми компании оваа информација е лесно видлива на интернет; за помалите компании потребно е да видите колку сличните компании плаќаат за слична работа.

Целта не е само парите - се работи за многу повеќе од пари


Парите се одлична работа, но не се се`. Ако мислите дека вашиот работодавец може да прифати зголемување на платата, земете ги во предвид другите бенефиции кои ги сакате освен парите. На пример, ако сакате да имате совршена рамнотежа меѓу работата и животот и мислите дека работењето од дома неколку дена во неделата е одличен начин за постигнување тоа, тогаш можете да го споменете за време на преговорите како нешто што би го зеле во предвид во замена за помалку пари.

Со цел да го извлечете максимумот од овој аспект на преговори, ќе треба да направите истражување и да видите какви бенефции доставува компанијата за своите вработени.

Избегнувајте прашања за очекувањата од платата

Работодавецот некогаш ве прашува колку очекувате да сте платени. Ваквите прашања се двојно сечило - доколку кажете висока бројка, може да ги уништите шансите за добивање на работата, но ако кажете ниска бројка тогаш може да добиете работа со плата многу помалку отколку што вредите.

Кога ќе ве прашаат ова прашање, најдобро би било да го избегнете одговорот. Предложете и двата да стигнете до нешто што е разумно, или дека очекувате да заработите плата соодветна за вашите вештини.

Во секој случај, обидете се да избегнете разговор за бројки, се` додека компанијата не ви даде понуда со плата. Слична логика важи и за вработените кои бараат зголемување на платата: немојте да кажувате бројки или проценти се` додека вашиот работодавец не ви понуди нешто.

Кога е време за разговорот, имајте го на ум следното:


Оправдајте го вашето барање - Немојте да прашувате или да нудите нешто без докази или соодветно оправдување. Сакате зголемување на платата? Ќе мора да се потрудите и да му објасните на вашиот работодавец дека вашите специјализирани вештини, врски и работна етика се вредни за тоа зголемување.

Постигнете добра зделка - Можете да продолжите да преговарате, меѓутоа во одреден момент трпението на работодавецот ќе исчезне. Бидете подготвени да прифатите некои од точките доколку сакате да го добиете она што сте го зацртале. Добриот преговарач знае кога да си оди.

Останете професионални - Прекумерните емоции не смеат да бидат присутни во текот на дискусијата за плата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование