X
 17.09.2022 Економија

Растат примањата на фриленсерите

Компанијата која управува со платформата за дигитални плаќања „Пејонир“ го издаде четвртото издание од својот извештај за приходите на фриленсерите. Извештајот се заснова на истражување на 2.000 фриленсери од над 100 земји, меѓу кои и земји од Балканот.

Извештајот покажува дека иако глобалната невработеност стигнува историски рекорди поради пандемијата, фриленсерите релативно добро ја поминуваат ситуацијата. Над 30 отсто од испитаниците пријавија поголема побарувачка за своите услуги од почетокот на пандемијата, додека 45 отсто пријавија дека побарувачката останала константна. Најголем раст е забележан во програмирањето, маркетингот и финансиите.

Значајно зголемување на хонорарите на фриленсерите

Во споредба со претходниот извештај од пред две години, забележано е зголемување на просечната глобална цена за еден час работа на фриленсерите. Извештајот покажа дека просечната цена за еден час сега изнесува 28 долари, што е  зголемување за 7 денари од 2020 година.


Фото: Pixabay

Според Роберт Кларксон, главен директор за приходи во „Пејноир“, природата на работната сила станува пофлексибилна, па затоа компаниите повеќе ја разбираат вредноста на флексибилните ресурси кои може да се користат кога е потребно. Истовремено, сè повеќе работници сфаќаат дека ваквата кариера е добро платена, нуди поголема флексибилност и е отворена за квалификувани професии.

Извештајот покажа и дека 40 отсто од фриленсерите наплаќаат повеќе за своите услуги во споредба со почетокот на пандемијата. Разликите помеѓу половите и понатаму постојат. Според извештајот, третина од испитаниците имаат диплома само од средно училиште.

Освен тоа, разликата помеѓу половите се зголеми од 2020 година, иако се зголеми бројот на жени што работат како фриленсери, од 24 отсто во 2020 на 29 отсто во 2022 година.

Меѓутоа, разликите во платите се големи. Разлика во платите меѓу половите е најизразена во Северна Америка, каде што жените просечно заработуваат 37 долари за час, а мажите 52 долари за час. Во Централна и во Источна Европа, жените се платени просечно 16 долари за час, а мажите 24 долари за час.

Извор: Netokracija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија