„Нетфликс“ го објави првиот трејлер за мини-серијата „Алтруистите“ (англ.„The Altruists“), која носи драматизирана приказна за пропаста на криптоберзата „Eф-ти-екс“ и за еден од најголемите финансиски скандали во последните години. Во центарот на дејството се Сем Банкман-Фрид и Керолајн Елисон, чија деловна и љубовна врска се најде во сенка на измама вредна милијарди долари.
Од амбициозни претприемачи до финансиски скандал
Според официјалниот опис од „Нетфликс“, серијата го следи патот на двајца млади луѓе кои верувале дека можат да го променат светот на финансиите, но нивните амбиции завршиле со сериозни последици. Банкман-Фрид ја основа „Еф-ти-екс“, криптоберза која за кратко време стана едно од најпознатите имиња во индустријата за криптовалути.
Керолајн Елисон ја раководеше „Аламеда рисрч“, компанија за тргување со криптовалути што беше тесно поврзана со „Еф-ти-екс“. Нивниот деловен однос, но и нивната романтична врска, се дел од приказната за подемот и падот на компанијата.
Банкман-Фрид во 2024 година беше осуден на 25 години затвор поради измама и поврзани кривични дела. Елисон ја призна вината и беше осудена на затворска казна.
Кој ги глуми главните ликови?
Керолајн Елисон ја толкува Џулија Гарнер, позната по улогите во сериите „Озарк“ и „Имитирајќи ја Ана“, додека во улогата на Сем Банкман-Фрид се појавува Ентони Бојл, кого публиката го познава од сериите „Куќата на Гинис“ и „Не кажувај ништо“.
На актерската екипа ѝ се придружи и Хадсон Вилијамс, познат по улогата во серијата „Жестоко ривалство“. Серијата е инспирирана од истражувачките текстови објавени во списанието „Њујорк магазин“.
Приказна за амбиција, лакомост и предавство
„Алтруистите“ не се фокусира само на финансиските малверзации, туку и на личниот однос на главните ликови и на одлуките што придонесоа за нивниот крај.
Пропаста на „Еф-ти-екс“ предизвика големи финансиски загуби и отвори прашања за одговорноста во индустријата за криптовалути.
Сите 8 епизоди од мини-серијата „Алтруистите“ ќе може да се гледаат на „Нетфликс“ на 19 ноември.
Извор:
BIZlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube